Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: И.И.(19) од Скопје, В.М.(24) од с.Арачиново, скопско, Д.В.(34) од Неготино, С.С.(34) од Битола и В.Ѓ.(39) од с.Долни Липовиќ, општина Конче, при што В.Ѓ. управувал и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,15 промили алкохол во крвта.
Под дејство на алкохол возел и Д.В.(28) од Велес, кај кого биле измерени 1,53 промили алкохол во крвта.
Со изречена активна забрана за управување на возило: А.Б.(44) од с.Црвевци, кичевско и М.Ј.(22) од с.Песочани, охридско, додека А.Ф.(40) од с.Голема Речица, тетовско управувал возило со брзина поголема од дозволената.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.
Преземено од: Линк













