Пофалби од Атина за напредокот на Македонија кон ЕУ – Средба на Муцунски и Герапетритис

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Грција го пофали напредокот на Македонија кон Европската Унија и најави дека ќе се залага регионот да стане дел од Унијата, кога Грција ќе претседава со Советот на ЕУ во втората половина на следната година. Во рамки на министерскиот состанок во Атина “Пријатели на Западен Балкан”, министерот за надворешни работи, Муцунски имаше билатерална средба со неговиот грчки колега Герапетритис. За билатералните прашања со Грција, Муцунски смета дека Македонија и Грција имаат повеќе работи што ги обединуваат отколку што ги разделуваат.

На средбата меѓу Муцунски и Герапетритис се разговарало за натамошно унапредување преку политички дијалог, инфраструктурно и енергетско поврзување долж Коридорот 10, како и продлабочување на соработката во други области од заемен интерес.

Во Атина, Муцунски се сретна и со унгарската министерка за надворешни работи, Анита Орбан, со која разговарал за европските интеграции на Македонија и Западен Балкан. На средбата била потврдена и континуираната поддршка од Унгарија за членството на земјава и регионот во Европската Унија.





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
-1.2 ° C
-1.2 °
-1.2 °
71%
0.4m/s
7%
Tue
2 °
Wed
9 °
Thu
9 °
Fri
12 °
Sat
7 °

Поврзани написи

Мурињо: Кога станува збор за судењето, не ги ставајте Реал и Барселона во иста корпа

Фудбалерот на Виљареал, Санти Комесања, јавно ги критикуваше...

Синер заминува на операција, нема да игра на Австралија Опен

Долго време, Јаник Синер (25) бараше алтернативни решенија...

Скок од 16 места на ранг листата за дигитализација на ООН

Скок од 16 места на рангирањето за дигитализација...

Татко и син истепале лекар и медицинска сестра во поликлиника „Јане Сандански“

Скопјанец и неговиот 62-годишен татко физички нападнале лекар...