Света архиерејска литургија во црквата „Св. Петка“ во Гостивар за денешниот празник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Утрово, на празникот во чест на преподобна маченичка Параскева-Петка, света архиерејска литургија беше отслужена во црквата „Св. Петка“ – Гостивар, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Во својата беседа пред присутните Митрополитот г. Јосиф меѓу другото истакна:

„Зошто Црквата наредила да се прославуваат светиите и нивниот спомен? Каква цел има ова празнување? Црковните празници и празниците на светиите не се дадени само за восхит, туку и со цел да ги подржуваме нив и нивниот подвиг, и да одиме по тој пат по кој што оделе тие. Уште во Стариот завет, Бог му заповедал на Израелскиот народ: Бидете свети, зашто Јас сум свет (3. Мој. 11, 45). И Божјите угодници биле луѓе како и ние. Со ништо во човечката природа не се разликувале од нас. Имале потреба и за јадење и за пиење, и за облека и за сите други потреби што ги имаме и ние како луѓе. Согласно ова, ние немаме изговор дека сме слаби и немоќни за да ги подржуваме во постот, во молитвата, во подвизите и во сите  други дела што ги правеле Божјите угодници. Ние кои се наоѓаме денес во овој храм, посветен во нејзина чест овде во Гостивар, да се обратиме со искрена молитва кон света Петка, да ни даде и ние да поднесеме еден дел од нејзините подвизи, па и ние да имаме храброст и цврстина да Го исповедаме на секое место и во секое време Господа Христа, но не само со збор, туку нашата вера да биде пропратена и со добри дела, бидејќи во светото Евангелие се вели: Нема да биде спасен само оној што Ми вели: „Господи, Господи”, туку оној што го слуша словото Мое и прави добри дела, бидејќи верата без дела е мртва како и телото без душата, како што вели свети апостол Јаков. По молитвите на светата маченица Параскева, Семилостивиот Бог да ги послуша и услиши нашите молби, па да одиме по Неговиот пат и да измолиме милост Божја за спасение на нашите души, сега и во сета вечност. На сите оние го чествуваат нејзиниот спомен како домашна слава и го носат нејзиното име, нека им е честит овој празник! Да упатуваме молитви кон неа и понатаму да биде наша застапничка пред Бога и заштитничка на Гостивар и сиот православен народ, од сите наши земни видливи и невидливи непријатели, постојано сега и секогаш и во вечни векови – Амин!“

На светата литургија верниците се причестија со светите тајни на христијанството.

2 72

фото:тетовско-гостиварска епархија



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи