Унгарскиот Амбасадор Клајн во Гостивар на средба со Лимани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Амбасадорот на Унгарија во Македонија, Андраш Клајн, во придружба на аташето Габор Радечи, денес беше во посета на општина Гостивар и оствари средба со в.д. градоначалникот Валбон Лимани. Се разговарало на различни теми со акцент на можностите за соработка и поддршка во областа на културата, информираа од локалната самоуправа.

„Имав важна средба со амбасадорот на Унгарија во нашата земја, г-дин Андраш Клајн и аташето Габор Радечи. Чест е што дипломатите од ова ниво се заинтересирани и го почитуваат нашиот град. Одлучивме да развиеме интензивна соработка особено во културата меѓу нашиот град и Унгарија. Со добри пријатели сѐ е подобро.“, истакна Лимани.

При средбата, домаќинот и гостите разменија пригодни симболични подароци, во насока на развивање натамошно партнерство и запознавање со културите и традициите на двете страни.

455710107 10227334105602921 8460510321075278788 n



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи