На преминот „Блато“ само во август минале над 97 илјади патници

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


На граничниот премин „Блато“,  еден од двата, што функционираат на македонско – албанската граница кај Дебар, во август годинава забележана е за над 10 отсто поголема фреквенција  споредено со истиот месец минатата година.

– Во август на влез и излез од земјава регистрирани се 97731 патник, од нив 50810 на влез и 46921 на излез од нашата земја. Минатата година на влез беа регистрирани 49099, додека на излез 41684 патници, информираа за МИА од македонското Министерство за внатрешни работи.

Зголемената фреквенција се должи на подобрената патна инфраструктура на албанска страна, по изградбата на автопатот Блато-Тирана, со што оддалеченоста е помала за повеќе од 100 километри и сега изнесува 72 километри.

{{size}}?use watermark=1

На вториот граничен премин, Џепиште-Требиште, кој е од локален карактер фреквенцијата е речиси на исто ниво.

– На овој премин за влез се регистрирани 6103 патници од нив 3100 на влез, додека 3003 на излез. Минатиот август на влез се регистрирани 3058, а на излез 3055 патници, додаваат од МВР.

Овој премин во летниот период, односно од први април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека во останатиот период, односно од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот. Право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, што подразбира општина Дебар и областа Голо Брдо на албанска страна.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
81 %
0.2kmh
88 %
Thu
14 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...