Зачестени пожари на отворено! Горело во Врапчиште, Градец, Чегране…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во текот на вчерашниот ден на територијата на општините Гостивар и Врапчиште регистрирани се седум пожари на отворен простор. Според информациите од Центарот за управување со кризи дадени утрово, сите тие биле изгаснати.

Пожари имало во Добридол на нива, како и во месноста викана Мазрача каде горела ниска вегетација, потоа Врапчиште (сува трева), Сенокос кон Неготино (сува трева во ниви), Неготино (ниска вегетација), Чегране (мешана шума и сува трева) и Градец, кај гробиштата (сува трева и грмушки).

Инаку во текот на вчерашниот ден во земјава имало вкупно 40 пожари од кои активни се шест пожари, а еден е под контрола.

Активен е пожарот меѓу селата Пештани – Кокре – Кален – Дуње – Бонче – Крушевица – Волково, кој се шири на три крака  и тоа од селото Бонче кон селото Крушевица, превој Слива кон селото Чумово и кон селото Пештани. Гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.

Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во општина Чашка на планината Мукос кон селото Степанци, а во истата општина активен е пожарот кај селото Оморани и м.в. Кадиица – с.Ораов Дол каде гори мешана шума.

Активни пожари има и во општина Петровец меѓу селата Градманци, Брезница и Катланово, во општина Штип меѓу селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик, полигон Криволак, во општина Чучер-Сандево меѓу селото Танушевци и м.в.Рамно и во општина Долнени кај селото Десово.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
clear sky
15.7 ° C
15.7 °
15.7 °
79 %
1.3kmh
1 %
Thu
19 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи