Премија од три милиони денари ќе добијат кошаркарите од младинската репрезентација за освоеното злато на Европското првенство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори (играчи до 18 години) од Б дивизија што се одржа од 26 јули до 4 август 2024 година во Скопје.

-На иницијатива на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Владата донесе одлука со која го задолжи Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства во висина од три милиони денари на Министерството за спорт, а Министерството за спорт преку Кошаркарската федерација на Северна Македонија овие средства да ги распредели на стручниот штаб и на кошаркарите во младинската репрезентација (У18), се вели во денешното соопштение од Министерството за спорт.

Младите македонски кошаркари на Европското јуниорско првенство (У18) Б дивизија во Скопје го освоија златниот медал остварувајќи осум победи во исто толку одиграни натпревари.

Со оваа титула, кошаркарите обезбедија пласман во елитната А дивизија и настап на следното Европско јуниорско првенство во Србија

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи