Снимање има пред 14 години ама опремата е уништена, затоа довербата е два проценти, министерот Филков го „пофали“ судството

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање во Управниот суд посочи дека воведувањето на тонското  и видео  снимање започнало уште во 2010 година, со Законот за парнична постапка и Законот за кривичната постапка.

,,Денес, по изминат период од повеќе од 10 години, за жал може да констатираме дека судовите само делумно го користеле тонското снимање при водење на постапката и  не успеале да спроведат целосна и доследна имплементација на законските решенија, ниту во граѓанската ниту пак во кривичната постапка, а евидентно од денешниов настан ниту во управната постапка.За жал,  констатирани се и бројни примери и на уништена опрема за тонското снимање.  Сето претходно е само мал дел за објаснување на што се должи перцепцијата и довербата на граѓаните во правосудството од само 2%”, рече Филков.

Министерот порача дека граѓаните се тие кои се  најмногу засегнати во управната постапка.

,,Опремата за тонско снимање во Управниот суд се инсталира денес. Да не губиме уште 14 години и да не чекаме пресуди од ЕСЧП кои ќе наложуваат да ги применуваме стандардите за фер судење.  Ве охрабрувам да целиме и да инвестираме во модерното судство и за тоа да придонесеме сите заедно.  Мојата гласна борба за независност на судството ќе биде преку обезбедување на процентот за независен судски буџет. Но, исто така, Ве мотивирам, секој од вас во секој предмет да успее да го користи тонското снимање и секоја друга алатка за да се овозможат стандардите на фер и правично судење. И на крај,ова е само мал придонес, би рекол, симболичен во започнување на реформите кои зависат и мора да започнат од нас самите. Со оглед дека веќе нема оправдување за непостоење на технологија за тонско снимање, со фактот што сите судови се опремени, убеден сум дека во наредните 15 дена системот ќе се применува насекаде”,истакна Филков.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
13.2 ° C
13.2 °
13.2 °
69 %
0.4kmh
95 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...