Водата за пиење од системот за водоснабдување во Гостивар е безбедна и употреблива, соопшти денеска Јавното претпријатие „Комуналец“.
„Според информациите од микробиолошката анализа од надлежните лаборатории кои го контролираат квалитетот на водата врз бактериолошката состојба и хемиски-физички анализи, потврдено е дека водата градскиот водовод е безбедна.“, се наведува во известието.
Изминатите денови се вршеа вонредни анализи на водата откако претходно беше утврдено дека во неа има присуство на бактерии.
Преземено од: GostivarPress













