СВР Тетово информира дека вчера (23.10.2024) во 18.50 часот на регионален пат Маврови Анови – Гостивар, на место викано „Влајница“, 18 годишниот гостиварец Ј.А., управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски таблички, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.А. констатирани во Ургентен центар во Гостивар, извести полицијата.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.
Преземено од: GostivarPress













