СВР Тетово соопшти дека вчера (26.11.2024) во 15.20 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 27 годишниот гостиварец Џ.С., кој бил пријавен дека во банка на истата улица го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок, наведува полицијата.
Преземено од: GostivarPress













