Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Фјучерсите на американските берзи денеска покажаа раст откако инвеститорите ги оценуваат новопотпишаните укази на претседателот Доналд Трамп поврзани со енергетиката и имиграцијата, и ги очекуваат неговите први чекори во областа на трговската политика.

На неговиот прв ден во Белата куќа, Трамп не најави воведување царини, но изјави дека размислува за 25-процентни давачки на увоз од Канада и Мексико почнувајќи од 1 февруари и потсети на проблемите поврзани со нелегалната миграција и носењето на фентанил во САД.

Брокерската компанија „Голдман Сакс“ ја намали својата прогноза за универзалните царини годинава на 25 отсто од 40 отсто прогнозирани во декември

Фчучерсите на берзата Дау Џонс Е-минис (Dow Jones E-minis) порасна за 189 поени или 0,43 отсто; С&П 500 Е-минис (Standard&Poor’s) порасна за 29,25 поени или 0,48%, додека Насдак 100 Е-минис (Nasdaq) порасна за 120,75 поени или 0,56%.

Неделава ќе има извештаи за кварталните приходи што влијае на тргувањата со акции. Фјучерсите на индексот Расел (Russell 2000), насочен на домашниот пазар, се зголемија за 0,7 отсто.

Автомобилските производители „Џенерал Моторс“ „Форд“, со дистрибуција низ целиот континент, забележаа раст од 2,1 и 1,6 отсто соодветно. На претпазарното тргување Teсла, предводена од Илон Маск, порасна за 2,3%.

-(Американски) тарифи значат зајакнување на американскиот долар како резултат на растот на цените на увозот и слабеење на глобалниот раст, додека отсуството на тарифи значи зајакнување на глобалната трговија и постабилна основа за глобален раст, објасни Кајл Родда, аналитичар на пазари во Capital.com. 





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи