Алкараз закажа финале со Синер на Завршниот Мастерс

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Карлос Алкараз го победи Феликс Оже-Алијасим со 6:2, 6:4 и ќе се бори за својот прв трофеј на Завршниот Мастерс во Торино. Противник во финалето ќе му биде Јаник Синер.

Канаѓанецот речиси и да немаше шанси да му наштети на Алкараз, кој му дозволи само една брејк шанса во текот на мечот. Феликс не ја искористи, додека првиот рекет на планетата во најголем дел ги реализираше своите шанси.

Во првиот сет, прилично конфорни 6:2, во вториот, понеизвесни 6:4. Немаше брејк-топки сè до десеттиот гем кога 25-годишникот од Монтреал сервираше за да остане во мечот.

Секако, Оже-Алијаси може да биде задоволен од феноменалната форма што ја покажа во втората половина од сезоната. На следната АТП листа, тој ќе биде на петтата позиција, што ќе биде неговиот најдобар пласман во кариерата. Убав финиш по титулата во Брисел, полуфиналето на Отвореното првенство на САД и финалето на Мастерсот во Париз.



Преземено од: TopSport

Tetovo
broken clouds
9.4 ° C
9.4 °
9.4 °
87 %
0.6kmh
57 %
Mon
13 °
Tue
8 °
Wed
10 °
Thu
12 °
Fri
9 °

Поврзани написи

Вучиќ: Ги изгубивме изборите | Сител Телевизија

Александар Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори...

Мастерклас на Антонели, победи во Остин

Андреа Кими Антонели го направи завршниот чекор кон...

(Видео) Елмас стрелец во спектакуларното реми во Бергамо

Репрезентатаивецот на Македонија, Елиф Елмас, постигна еден гол...

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами

Веќе се започнати подготовките за трилатерален самит меѓу...