Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Советот на јавните обвинители ја определи Наташа Крстевска Цалева за вршител на должноста Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Скопје, до изборот на нов шеф на ова обвинителство, но подолго од шест месеци. 

Определувањето вриштел на должноста Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје беше прва и единствена точка на дневен ред на денешната 33-та седница на Советот на јавни обвинители. 

Советот на јавни обвинители на почетокот на неделава,  9 декември донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител за Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, по негово сопствено барање.

Хајрулахи беше суспендиран откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој категорично ги отфрли сите обвинувања, тврдејќи дека случајот е тенденциозен и политички монтиран со цел негово отстранување, поврзувајќи ја постапката со неговото постапување во врска со бонусите на СЈО. 

Советот на јавни обвинители во февруари годинава ја определи обвинителката Наташа Крстевска Цалева да  функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство, додека трае оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
10.1 ° C
10.1 °
10.1 °
86 %
0.2kmh
75 %
Sun
10 °
Mon
14 °
Tue
7 °
Wed
11 °
Thu
12 °

Поврзани написи