МВР информира дека во петокот (29 март) во 10.40 часот 50 годишниот Ф.К. од Албанија пријавил дека во Симница-гостиварско додека изведувал градежни работи, од патничко возило било пукано кон него и неговиот другар, по што возилото го напуштило местото на настанот.
„Нема повредени лица. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, стои во полициското соопштение.
Преземено од: GostivarPress












