Зеленски им предложи на САД да го киднапираат Кадиров, доби жесток одговор од чеченскиот лидер

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го засилат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, по истиот терк како со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, велејќи дека таквата операција би можела да влијае на руското раководство.

„Еве, еве еден пример со Мадуро. Да, тие спроведоа операција. Сите ги видоа резултатите, целиот свет. Го направија тоа брзо. Па, нека спроведат некаква операција врз овој, како што се нарекува, Кадиров“, изјави Зеленски.

На 3 јануари, американската војска ги уапси Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, во нивниот дом во Каракас, и ги транспортираше во Њујорк, каде што соборениот лидер е обвинет за „наркотероризам“.

Мадуро на првото појавување во судот изјави дека останува претседател на Венецуела.

Рамзан Кадиров му одговори на украинскиот претседател преку својот канал на Телеграм, тврдејќи дека Зеленски сака да ги постигне своите цели преку други.

„Забележете дека тој дури и не се закани дека ќе го стори тоа самиот“, напиша чеченскиот лидер, истакнувајќи дека Зеленски претпочита да остане настрана „и да гледа од безбедно растојание“.

„Тој ме става на списокот на барани лица и воведува санкции. Сега бара помош од Американците, велејќи: „Ако не помогнаа со оружје, барем киднапирајте го Рамзан“, рече Кадиров.

„Зачувај го образот и не се понижувај. Кога во тебе ќе имаше барем трошка машкост, ќе разбереше колку понижувачки звучат твоите зборови и барања“, додаде чеченскиот лидер.

Ова не е прв конфликт меѓу Кадиров и украинските власти. Службата за безбедност на Украина (СБУ) претходно го прогласи Кадиров за барано лице, обвинувајќи го за спроведување „агресивни воени дејствија“ и кршење на законите и обичаите на војување.

Од друга страна, Истражниот комитет на Русија го окарактеризира тој потег како „свесно доведување на невино лице пред кривична одговорност“.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
12.4 ° C
12.4 °
12.4 °
82 %
1.5kmh
100 %
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
9 °
Thu
11 °
Fri
10 °

Поврзани написи

(Видео) Мбапе на колена ја фрли Барселона

Реал и го нанесе првиот пораз на Барселона...

Србија гласа на вонредни парламентарни избори

Изборите во Србија завршија, сега се очекуваат првичните...

Вучиќ: Ги изгубивме изборите | Сител Телевизија

Александар Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори...