Нова дигитална услуга – електронска платформа на Електродистрибуција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Од денес, Електродистрибуција воведува целосна дигитализација на процесот на приклучување на  електродистрибутивната мрежа. Сите корисници кои имаат потреба од нов или реконструиран приклучок отсега нема да имаат потреба да ги посетуваат приемните канцеларии и процесот на приклучување ќе се одвива комплетно онлајн на новата Е-платформа на Електродистрибуција.

Воведувањето на дигитализацијата во клучните аспекти на работа, ќе им овозможи на корисниците поквалитетни и доверливи услуги. Дизајнот на платформата е интуитивен и респонзивен со цел да им биде достапен на сите корисници без разлика на тоа каков уред поседуваат и нивното техничко познавање.

Е-платформата пред сè на корисниците им заштедува на време и трошоци за посета на приемните канцеларии. Понатаму, во текот на постапката, тие имаат целосен и транспарентен увид во постапката за приклучување. Во секој момент можат да го погледнат актуелниот статус на реализација на барањето, а одобрувањето на документацијата е електронско – брзо и едноставно. Корисниците имаат пристап до сите документи поврзани со барањето и ќе добиваат навремени известувања за промена во статусот на барањето на е-пошта и во рамки на корисничкиот профил на е-платформата.

Поднесувањето на барање за нов приклучок е лесно и едноставно. Најпрво, корисникот што има потреба од приклучување на мрежата треба да креира профил со валидна е-пошта и лозинка за оваа намена. Профилот треба да се активира на линкот што ќе пристигне на е-поштата. Следен чекор е најава со внесување на е-поштата како корисничко име и лозинката. За започнување на процесот се одбира опцијата – „Поднеси барање“ и се следат понатамошните чекори.

Електродистрибуција продолжува со модернизација на услугите и дигитализацијата на процесите. На е-платформата во иднина очекуваме дополнително надградување на опсегот на услуги за корисниците.

(комерцијална објава)



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
12.4 ° C
12.4 °
12.4 °
82 %
1.5kmh
100 %
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
9 °
Thu
11 °
Fri
10 °

Поврзани написи

(Видео) Мбапе на колена ја фрли Барселона

Реал и го нанесе првиот пораз на Барселона...

Србија гласа на вонредни парламентарни избори

Изборите во Србија завршија, сега се очекуваат првичните...

Вучиќ: Ги изгубивме изборите | Сител Телевизија

Александар Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори...