Почина бабата која беше брутално претепана од својот внук во Битола

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Почина 79-годишна жена, која пред шест дена беше жестоко претепана од својот 28-годишен внук во нивниот заеднички дом на улицата Лавчанска корија во Битола. Жената беше пренесена во Клиничката болница во Битола во бессознание, но поради тешките повреди – крвавења и нагмечувања на мозокот, скршеници на ребрата и исчашувања на коски – им подлегна на повредите.

Семејното насилство се случило на 17 јануари, кога осомничениот ја блокирал влезната врата и со рацете ја удирал по главата и телото додека не паднала. Внукот е осомничен за обид за убиство според член 123, став 2, точка 2, во врска со член 19 од Кривичниот законик.

По нападот, тој избегал, но полицијата го пронашла во казино во Битола и го привела. Судот му изрече мерка притвор и е пратен на опсервација и психијатриско вештачење во Демир Хисар за најмалку еден месец.





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
82 %
0.3kmh
70 %
Sun
11 °
Mon
14 °
Tue
7 °
Wed
11 °
Thu
12 °

Поврзани написи