Среден бек од Франција ќе го засили РК Вардар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



РК Вардар го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, кој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“. Фадуил има 23 години, настапува на позицијата среден бек, а во Вардар доаѓа од француски Трембле, клуб во кој игра од 2022 година.

Во целата досегашна кариера играл во Франција. Во своите помлади години беше дел од системот на Нант, каде се развиваше како еден од интересните млади ракометари, а претходно во кариерата настапувал и за Кретеј и Саран.

Во актуелната сезона Фадуил е дел од Трембле, каде продолжи да се наметнува со своите настапи во едно од најсилните европски првенства. Тој е стандарден првотимец на францускиот клуб, а сезонава повторно имаше забележителни настапи во домашното првенство.

Во сезоната 2025/26, Матео Фадуил е еден од најважните играчи на Трембле. Според официјалната статистика на француската лига, тој има 160 гола од 266 шута, односно 60,15 проценти реализација, со што во моментот е 4. стрелец во целата француска лига.

„Здраво на сите! Навистина сум возбуден што доаѓам во овој историски ракометен клуб. Едвај чекам да се запознаам со сите неверојатни навивачи на Вардар и да му помогнам на тимот да победи на што е можно повеќе натпревари и да освои што е можно повеќе трофеи. Се гледаме наскоро – ајде да направиме арената да грми!“, изјави Фадуил.

Со ангажманот на Матео Фадуил, Вардар добива ракометар кој веќе има искуство во силна француска конкуренција, играч што може да донесе креативност и дополнителен квалитет во организацијата на играта во сезоната што следува.

Izvor/ rkvardar.com.mk



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
80 %
1.5kmh
96 %
Wed
11 °
Thu
14 °
Fri
11 °
Sat
11 °
Sun
9 °

Поврзани написи

Седум нови судии обвинети за местење натпревари во Грција

Скандалот што ја потресе грчката кошарка доби ново...

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август

Вкупното бруто-производство на електрична енергија во земјава во...

Легендата на Ливерпул на клупата на Фенербахче

Фенербахче остана без тренер по поразот во големото...