Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Стотици пожарникари продолжуваат да се борат со шумскиот пожар во забранетата зона околу поранешната нуклеарна централа во Чернобил во Украина.

Украинските власти соопштија дека ситуацијата е под контрола и нема опасност од радијација. Пожарот бил предизвикан во четвртокот од две руски беспилотни летала. Досега се изгорени повеќе од 1.200 хектари, а за гасење на пожарот се ангажирани 374 пожарникари.

Забранетата зона е воспоставена по експлозијата на четвртиот реактор во Чернобил на 26 април 1986 година, предизвикувајќи ја најлошата нуклеарна несреќа во историјата.

Радиоактивните облаци се раширија низ големи делови од Европа, достигнувајќи до северниот и западниот дел од континентот.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
14.4 ° C
14.4 °
14.4 °
64 %
2kmh
32 %
Sun
15 °
Mon
14 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
13 °

Поврзани написи