На 22.06.2026 во 01:00 часот во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив со повреди и за укажување помош дошла 44-годишна жена од Тетово. Според пријавеното, по претходна расправија, таа била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер С.И.(63) од тетовско село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.06.2026 во 11:40 часот на кеј „Вардар“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Р.М. (62) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.06.2026 го нападнал неговиот сосед Ф.А.(41) од Гостивар и му нанел повреда. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.













