Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Хемикалија за производство на детергенти е неофицијално супстанцата која го побеле Вардар. Оваа супстанца се влеала во речното корито на Вардар преку притоката Лепенец. По 7 дена, само извештајот изработен во лабораторијата на ЈП Водовод и канализација е завршен и веќе е испратен до Државниот инспекторат за животна средина и ресорното министерство. Нема информација ниту кој е сторителот и покрај тоа што уште првиот час по појавата на пената, градот со своите инспектори го бараше сторителот со дрон. 

Од Државниот инспекторат за животна средина пак велат дека сè уште ги немаат податоците кои треба да ги споредат и од нивната лабораторија, бидејќи примероци од водата беа земени од двете институции  Градот и Државниот инспекторат.

Додека трае лавиринтот меѓу лабораториите и се чека конечниот официјален одговор за тоа кој стои зад овој еколошки инцидент, од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје уверуваат дека водата за пиење во главниот град е целосно безбедна.

Во текот на ден 30.07.2026 се земени:
42 примероци од водоводната мрежа на град Скопје од кои 4 примероци се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење(Службен весник на РМ, бр.183/18). 

Сепак, бавноста во откривањето на сторителот предизвика револт во јавноста.

Од граѓанската иницијатива „Зелен Хуман Град“ реагираа дека ваквите слики се последица на недоволната контрола врз индустриските капацитети. Тие бараат итно објавување на резултатите, ригорозни санкции за одговорните и крај за, како што велат, неказнетоста за екоцидот врз скопските реки.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи