ЈКП „ШАР“ – Тетово ги информира граѓаните дека, поради дефект на линијата Лешница, од овој момент привремено е прекинато водоснабдувањето кон Филтрациската станица, со цел санација на дефектот.
Поради интервенцијата, протокот на вода во системот ќе биде намален од 430 на 330 литри во секунда, односно за околу 100 литри во секунда.
Доколку има потреба, ќе бидат активирани бунарските системи во градот, со цел одржување на стабилноста на водоснабдувањето.
Благодарение на брзата реакција на екипите на ЈКП „ШАР“, санацијата на дефектот на овој потег веќе е во тек.
Граѓаните навремено ќе бидат информирани за сите понатамошни промени поврзани со состојбата со водоснабдувањето.
ЈКП „ШАР“ – Тетово
Преземено од: TetovoInfo










