КЗК го преиспитува новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“ за возила на Меѓународниот аеродром Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) врши анализа на новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром Скопје, со кој бесплатниот престој до 10 минути е ограничен на еден влез со исто возило во период од 24 часа, информираат од КЗК.

Анализата, како што велат, има за цел да утврди дали воспоставениот режим, имајќи ги предвид условите под кои работат различните такси-превозници и постоењето на посебно овластен аеродромски такси-оператор, може да влијае врз условите на конкуренција и пристапот до аеродромската инфраструктура.

– Комисијата ќе ги испита оправданоста и пропорционалноста на воспоставените услови, нивното фактичко влијание врз такси-превозниците и дали постојат еднакви и недискриминаторски услови за пристап за сите учесници на пазарот. Комисијата во оваа фаза не прејудицира постоење на повреда на правилата на конкуренцијата. По прибирањето и анализата на сите релевантни информации, Комисијата ќе донесе соодветен заклучок за понатамошното постапување, прецизираат од КЗК.

Оттаму нагласуваат дека Комисијата останува посветена на обезбедување еднакви услови за конкуренција и спречување на секое однесување што може да доведе до ограничување или нарушување на конкуренцијата на пазарот.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...