Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Македонија пред НАТО ќе ја презентира истрагата за бегството на Ива Михаилова. Истражните органи сѐ уште утврдуваат како таа ја мина македонско-бугарската граница и евентуалното учество на бугарските служби во операцијата.
Според информации на Сител, македонското МНР во моментов работи на информирање на релевантните меѓународни институции како Европската Унија, Советот на Европа и други за дипломатскиот скандал. 

„Нивната министерка за надворешни работи кажа дека бугарското МНР не учествувало во операцијата…“

– А вие очекувавте Вие, да ви кажат дека они учествувале?

„Дали имате некакви индиции за такво нешто?“

– Ние имаме истрага, дозволете да ја завршиме истрагата. А потоа, дел од тие докази прво ќе ги презентираме пред нашите партнери во НАТО за да покажеме како партнерски земји во НАТО се однесуваат. Овој упад којшто е направен и буквално е киднапирано лице коешто е сега е бегалец од правдата нема вака да заврши. Вака едноставно нема да заврши, вели Мицкоски.   

Премиерот повтори дека Ива Михаилова и нејзиниот татко, кој исто така е бегалец и правосилно осуден во случајот „Детонатор“ кога-тогаш ќе одговараат. Сепак вели дека случајот нема да влијае Скопје да се откаже од разговорите со Софија кои почнаа по посетата и советот од претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Нема да дозволиме да бидеме жртви на емотивни реакции. Ние ќе продолжиме со она што е наш интерес, а тоа е процесот на евроинтеграции. Нема да ги напуштиме преговорите. Напротив, ќе ги засилиме нашите иницијативи за средби и за дијалог и барање решение, рече Мицкоски.

Опозицијата продолжува со обвинувањата кон власта. Од СДСМ велат, границата е решето – а Мицкоски и министерот за внатрешни, Тошковски меѓусебно се штитат.

– Границата е „швајцарско сирење“ по признание на Тошковски ама тој како министер што раководи со полицијата и е надлежен за границата е заштитен. Христијан Мицкоски му обезбедува заштита на швајцарецот Тошковски. И обратно. Тошковски му обезбедува заштита на Мицкоски и на организираната криминална група.  Полицијата наместо да му служи на народот, и служи на бандата. „Кога-тогаш“ вели Мицкоски, значи одговорност нема од никој, велат од СДСМ.

Ива Михаилова во неделата избега од Македонија во Бугарија без да го дочека исходот од судскиот процес во која таа е обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици, во која загина 33-годишен Бесим Дурмиши од Љуботен. Сѐ уште е нејасно дали таа границата ја поминала нелегално на легален граничен премин или некаде на зелениот појас од границата со Бугарија.

 





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
14 ° C
14 °
14 °
66 %
1.5kmh
41 %
Sun
13 °
Mon
14 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
13 °

Поврзани написи