Граѓани вечерва упаднаа во зградата на телевизија „Информер“ во Белград и ја прекинаа програмата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Група граѓани вечерва упаднаа во зградата на телевизијата „Информер“ во Белград  и ја прекинаа програмата, по што сопственикот и главен и одговорен уредник Драган Ј. Вучичевиќ и некои вработени го напуштија студиото.

Граѓаните претходно беа повикани од Дијана Хрка, мајка на момче кое загина под урнатата настрешница на станицата во Нови Сад, да дојдат пред „Информер“, каде поминаа некое време пред влезот во зградата.

Во тие моменти во емисијата „Колегијум“, која одеше во живо, Драган Ј. Вучичевиќ ги повика полицијата и службите за итни случаи да испратат возило за евакуација на вработените.

Полицијата е во близина на зградата, но засега не реагира. 

Вучичевиќ, додека одеше шпрограмата, го повика и  носителот на „Студентската листа“, Илија Срдановиќ, да ја повлече толпата собрана пред „Информер“, но тој одговори дека мора да ја провери таа информација.

Потоа беше повикана службата за итни случаи, затоа што една вработена во Информер добила епилептичен напад.

По ова, околу 18,40 часот неколку десетици граѓани влегоа во зградата на „Информер“ за да побараат Вучичевиќ да му се извини на „слободниот српски народ“ за начинот на кој известуваше и за изборите, но и за сето тоа што се случуваше во последните две години во Србија, со протестите на студентите и незадоволните граѓани.

Од студиото се емитува сигнал, но од редакцијата нема слика, ниту звук.

Откако се надвикуваа со Вучичевиќ и другите вработени во телевизијата „Информер“, граѓаните ја напуштија зградата и повторно се најдоа во дворот. 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
5.8 ° C
5.8 °
5.8 °
90 %
1.4kmh
99 %
Wed
12 °
Thu
13 °
Fri
11 °
Sat
10 °
Sun
10 °

Поврзани написи