Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите – ССМ: Сега вреди 2,5 евра – тоа е мизерно

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Плата според одработени часови, наместо фиксна месечна сума. Идејата за плаќање по саатнина повторно се отвора во Македонија, а работодавачите предлагаат промената да почне од минималната плата.

Според Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, плаќањето по саатнина би било особено практично за производствените и градежните компании, како и во земјоделството, каде обемот на работа се менува во зависност од периодот.

„Во месеците имаме различен број работни денови. На пример, кога месецот има 21 работен ден, вредноста на работниот час е повисока, а кога има 23 работни дена, таа е пониска. Така, во некои месеци работниците што работат според учинокот потешко ја достигнуваат минималната плата, додека во други се јавува потреба таа да се дополни. Ако сето тоа се регулира по час, мислам дека ќе биде поедноставно и поправично“, изјави Димитров.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека најважно не е дали работникот ќе биде платен по час или по месец, туку колку ќе добие за својот труд.

„Ако денешната минимална плата од 26.046 денари ја претвориме во вредност по работен час, излегува околу 155 денари. Тоа е мизерно и повеќе од недоволно за еден работник да го помине месецот. Ако имаат методологија според која работниот час ќе вреди многу повеќе, а на таа основа ќе се пресметуваат и додатоците за работа на празници и прекувремена работа, немаме проблем да го разгледаме плаќањето по час. Но, клучното прашање е колку навистина ќе вреди еден работен час и која сума ќе се утврди за него“, вели Иван Пешевски од ССМ.

Темата накратко била отворена и на вчерашната седница на Економско-социјалниот совет. Министерот за економија Дурмиши засега нема конкретен став. Рече дека прво ќе ги почека предлозите од работодавачите и синдикатите, а потоа ќе се произнесе.

Идејата за плаќање по работен час ја актуелизираше Сојузот на стопански комори минатата недела. На тој начин, според нив, вработените би биле мотивирани да работат поефективно за да заработат повеќе.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
5.6 ° C
5.6 °
5.6 °
90 %
1.1kmh
99 %
Wed
11 °
Thu
12 °
Fri
11 °
Sat
10 °
Sun
7 °

Поврзани написи

ГРК Охрид против Клаипеда, Алкалоид против Горење Велење

Репрезентите на Македонија, во ЕХФ Европскиот куп, ГРК...

Мбапе: Седев и само чекав Шпанците да ги добијат сите награди

Килијан Мбапе (27) заврши втор во гласањето за...

Мајкл Карик останува менаџер на Манчестер Јунајтед

Мајкл Керик засега останува тренер на Манчестер Јунајтед....

Физички пресметки во Скудриње и Мала Речица: Нападнати две лица

На 26.10.2026 во 13:00 часот во Полициското одделение Ростуше,...