Баерн во големи проблеми пред мечот со Атлетико

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалерите на Баерн, Исмаел Саибари и Серж Гнабри, ќе бидат надвор од терените во наредниот период поради повреди здобиени на натпреварот со Борусија Дортмунд, потврди германскиот шампион.

Во возбудливиот „Класикер“, дерби натпреварот од осмото коло на Бундеслигата, Баерн, како домаќин, ремизираше со тимот предводен од Нико Ковач со 2:2.

Баварците, во првите половина час останаа без двајца фудбалери. Прво, Саибари се повреди во 24-та минута, по дуелот со голманот на Борусија, Грегор Кобел.

Репрезентативецот на Мароко непријатно се приземји, го напушти теренот со помош на медицинскиот персонал.

Баерн веќе потврди дека офанзивниот играч за врска е опериран откако беше утврдено дека скинат лигамент на глуждот на десната нога.

Само неколку минути подоцна, се повреди и Серж Гнабри – Германецот исто така мораше да го напушти натпреварот.

Гнабри заработи повреда на задниот дел од левата нога и ќе ги пропушти барем следните неколку натпревари.

Подоцна во текот на натпреварот, крилниот напаѓач Михаел Олисе исто така немаше среќа, францускиот репрезентативец исто така беше принуден да биде заменет, но Баерн не го спомена него играч во своето соопштение.

Крилниот напаѓач Луис Диаз, голманот Мануел Нојер и младиот играч од средниот ред Бара Сапоко Ндијаш веќе го пропуштија Класикер поради повреди.

Баерн е лидер во Бундеслигата, по осум кола има 18 бода, исто како и Дортмунд, додека Фрајбург е на третото место со 16 бода.

Foto/ depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
7 ° C
7 °
7 °
96 %
1.5kmh
100 %
Mon
11 °
Tue
9 °
Wed
9 °
Thu
9 °
Fri
10 °

Поврзани написи

(Видео) Лукас Окампос – кандидат за „Пушкаш“

Аргентинскиот фудбалер Лукас Окампос ја истакна својата кандидатура...

До 15.30 часот во Брвеница гласале над 40 отсто од избирачите

До 15:30 часот во Општина Брвеница гласале 6.579 граѓани,...

До 15.30 часот во Брвеница гласале над 40 отсто од избирачите

До 15:30 часот во Општина Брвеница гласале 6.579 граѓани,...