Ученик активирал солзавец за време на час

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Ученик активирал солзавец за време на настава во средното уметничко училиште. Инцидентот го пријавил загрижен родител, кој вели дека една недела по овој сериозен инцидент нема никаков одговор од институциите, и покрај тоа што сериозно биле загрозени здравјето и безбедноста на учениците.

За време на часот по сликарство, ученик од четврта година, од смерот сликарски дизајн, активирал солзавец во ателјето каде што се одржувала наставата. Во паника и страв, учениците, во обид да побараат помош од училишниот менаџмент на „Лазар Личеноски“, наишле на затворени врати. Единствена помош им пружила класната раководителка.

Професорот не бил присутен на часот, односно тој ден бил отсутен од работа. Учениците побарале помош од класната раководителка Е. В., која се загрижила за настанатата ситуација, соодветно реагирала и презела мерки за заштита на сите ученици.

Учениците сакале да дадат изјава пред психологот Т. Ч. и да побараат помош, но не можеле да стапат во контакт со неа бидејќи не била на работното место. Помош побарале и од директорот на училиштето Д. Ф., но и тој не бил присутен.

Родителите се револтирани што и една недела по овој инцидент не се преземени мерки од надлежните образовни институции. Бараат итно да се санкционира сторителот, но и да се утврди одговорноста кај одговорните лица во училиштето „Лазар Личеноски“.

Директорката на Државниот просветен инспекторат за Сител изјавила дека претставката кај нив пристигнала вчера, дека веќе е процесуирана и дека во најскоро време ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор. Оттаму велат дека евентуалните мерки дополнително ќе бидат утврдени од страна на инспекторот по завршувањето на надзорот.

 





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
6.3 ° C
6.3 °
6.3 °
92 %
0.3kmh
100 %
Thu
6 °
Fri
12 °
Sat
11 °
Sun
13 °
Mon
12 °

Поврзани написи

Дешам е решение за кризата на „Олд Трафорд“?

Манчестер Јунајтед го контактирал Дидие Дешан, кој е...

Жесус: Го молев Роналдо да остане, ми беше потребен

Селекторот на Португалија, Жорге Жесус, се огласи откако...

Сè за неславното заминување на Роналдо од националниот тим

Недоразбирањата меѓу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија,...

Почина легендарниот Алан Џонс

Легендарниот австралиски возач Алан Џонс, светски шампион во...