НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ТЕТОВО И МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ: На 46 години згасна животот на Владимир Секуловски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Македонската фудбалска јавност повторно е обвиена во црно. На 46-годишна возраст ненадејно почина поранешниот македонски репрезентативец Владимир Секуловски, човек кој остави длабока и неизбришлива трага на домашната фудбалска сцена.

Роден 1980 година, Секуловски во текот на својата играчка кариера со гордост ги бранеше боите на неколку македонски великани, меѓу кои Вардар, Слога Југомагнат, Работнички и неговиот матичен Тетекс. Зад себе остави богата спортска биографија зачинета со бројни шампионски титули и пехари во Купот на Македонија, а посебен статус на миленик на публиката уживаше во Тетово, каде е впишан во поновата историја на „штофарите“.

Оваа тажна вест доаѓа како огромен шок, особено ако се знае дека пред само два дена згасна и животот на Агрон Мемеди. За помалку од 48 часа, градот под Шара и македонскиот фудбал останаа без две значајни имиња кои со својата игра и посветеност ја одбележаа една цела фудбалска епоха.

Tetovo
broken clouds
10 ° C
10 °
10 °
91 %
2.7kmh
76 %
Mon
10 °
Tue
15 °
Wed
15 °
Thu
17 °
Fri
16 °

Поврзани написи

Тема на денот со Фатмир Битиќи, СДСМ

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Андреева ја скокна Сабаленка на ВТА листата

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина го задржа првото место...

Чеферин гостин на Омерагиќ, заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, престојува во приватна...

Тухел во транс: Брилијантен настап

Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, по големата...

Де ла Фуенте по првиот пораз од март 2024: Нека се обиде некој да нè надмине

Актуелниот светски и европски првак, Шпанија, синоќа загуби...