Охридскиот суд вечерва одлучува дали Кристијан Корабоски ќе оди во притвор. Обвинителството се предомисли и мерките на претпазливост кои му беа одредени утринава, ги замени со ефективен притвор, по исказот на Сара и карактерот на нејзините повреди. 26 годишната охриѓанка беше претепана до онесвестување од 31 годишниот Кристијан, при што се здоби со хематоми, нагмеченици и тешки повреди.
Сега ќе одговара за 3 кривични дела – телесна повреда, загрозување на сигурноста и противправно лишување од слобода.
„При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена. Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди“.
Мајката на претепаната Сара, изјави дека не се чувствува безбедна, затоа што мајката на Кристијан е поранешната претседателка на ДКСК Љубинка Корабоска, а неговиот татко инспектор во УЈП. Наводно Кристијан изјавил дека што и да направи, неговите родители ќе средат се. Сара била онесвестена од тепањето, па тој помислил дека е мртва. Се јавил кај својот татко и го прашал како да се ослободи од телото, пишува на фејсбук нејзината мајка.
– „Собери ги сите познаници, да го прикриеме нештово и да се ослободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“ Ова се зборови кои Сара ги слушнала во момент кога се наоѓала во крајно беспомошна состојба. Во целата оваа ситуација се споменува и неговата тетка, мајка на две ќерки, која, контактирала со болницата во која моментално е сместена Сара, со цел да се влијае врз медицинскиот извештај и да се ублажи сериозноста на повредите, како Сара да била само малку изгребана.
Уште пострашно е сведочењето дека во тој момент Кристијан побарал нож и сакал да ја „докрајчи“ – стои во објавата.
Според пишувањето на мајката на Сара, во тој момент таа се освестила пред да биде фрлена во провалија, па била фрлена на улица.
Осуда за настанот стигна и од премиерот Мицскоски, кој е во Брисел. Вели дека ќе направи се, лицето кое го сторило овој ужасен напад, да биде изнесено пред правдата.
Опозицијата пак, за утре попладне закажа протестен марш против насилството. Бараат еднаш засекогаш да се спречат причините, а не последиците.
Таткото на Сара пак, по претепување на неговата ќерка, на телефон им упатил закани на Кристијан и неговото семејство, па мајката на Кристијан, го пријавила во полиција. Тој бил задржан во станица и доби кривична пријава.
Преземено од: Линк












