Македонските фудбалерки против Андора стартуваат во Лигата на нации

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Македонската женска фудбалска репрезентација во новото издание од Лигата на нации ќе биде дел од Ц сегментот. Во пресрет на почетокот на натпреварувањето УЕФА ги одреди термините за одигрување на дуелите од групната фаза.

Македонија е дел од третата група во која за противници ќе ги има Израел, Андора и Фарски острови.

Новото издание од Лигата на нации избраничките на селекторот Александар Андов го отвораат на 2 март идната година против Андора на домашен терен, а четири денови подоцна ќе ја пречекаат селекцијата на Фарски Острови.

На 20 април следува дуелот против Израел на гостински терен, а на 24 април реваншот против Андора. Во последниот круг од натпреварите, Македонија на 11 јуни ќе го пречека Израел, а на 15 јуни ќе им гостува на Фарските Острови.

Пласман во повисок ранг од Лигата на нации ќе обезбедат првопласираните селекции, а двете најдобро второпласирани репрезентации ќе играат бараж против третопласираните тимови во Б дивизијата.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
12 ° C
12 °
12 °
91 %
2.2kmh
74 %
Thu
17 °
Fri
16 °
Sat
13 °
Sun
13 °
Mon
11 °

Поврзани написи

Англија сака да биде домаќин на завршницата на Лигата на нации

Фудбалската асоцијација на Англија е заинтересирана да биде...

Статистика за групната фаза од Лигата на нации 2026/27

Ниту една репрезентација, од четирите дивизии на Лигата...

Матјаж Кек негира дека ќе биде селектор на Македонија

Дел од месиумите во Словенија и Македонија, вчера...

Гулер го продолжи договорот со Реал

Турскиот фудбалер, Арда Гулер го продолжи договорот со...

Хуан Мата замина во пензија

Шпанскиот виртуоз Хуан Мата, на 39-годипна возраст, реши...