Мектоминеј погоди за триумф на Наполи над Торино

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалерите на Наполи го победија Торино со 1:0 (0:0) во натпреварот од 12-то коло на италијанската Серија А.

Екипата на Масимилијано Алегри беше во серија од три натпревари без победа, се шпекулираше дека ќе добие отказ доколку не го победи Торино.

Сепак, преживеа благодарение на Скот Мектоминеј, кој повторно беше човекот на одлука за тимот од југот на Италија.

Се играше 73-та минута кога Шкотланѓанецот од работ на шеснаесетникот го погоди спротивниот агол за голема радост на трибините на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Можеше и требаше да биде поубедливо, но домашните не искористија неколку добри шанси, додека Роландо Мандрагора ги имаше најдобрите на спротивната страна.

Еден негов удар заврши во гредата.

Важно е да се спомене дека Кевин де Брујне се повреди во 13-та минута, а потоа на теренот беше заменет од Вергара.

Наполи се искачи на осмата позиција со 18 освоени бода, додека Торино остана на 12-то место на табелата со четири помалку.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
scattered clouds
5.7 ° C
5.7 °
5.7 °
84%
0.6m/s
32%
Sat
6 °
Sun
13 °
Mon
11 °
Tue
3 °
Wed
8 °

Поврзани написи

(Видео) Дортмунд е новиот лидер во Бундеслигата

Борусија Дортмунд ја победи Борусија Менхенгладбах на гостински...

(Видео) Фудбалер на Порто постигна неверојатен автогол, се расплака и побара замена

Во петокот вечерта, Пoрто го победи Паредес, португалскиот...

Пењароjа во Партизан до 2029 година

Кошаркарскиот клуб Партизан потврди дека го продолжил договорот...

Пуштени во продажба влезниците за натпреварот на македонските кошаркари против Кипар во Скопје

Кошаркарската федерација на Македонија како организатор на натпреварот,...