Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски денес во рамки на предизборната кампања беше во Гостивар, на разговори со граѓани и кафе-средба со млади.

Пендаровски порача дека државата не треба да се враќа назад, туку да продолжи по патот на просперитет и развој.

„Мораме да обезбедиме подобри услови за живот на сите, за младите да не ја напуштаат државата и да бараат подобра работа, услови за живот, за формирање семејство, за поголема среќа, ако тоа е возможно, било каде во светот. Тоа не може да се направи со концептите што не враќаат назад, тоа може да се направи само со овој концепт кој јас и  парламентарното мнизинство до сега го застапувавме. Ако продолжиме по тој пат, тоа е најкусиот можен пат до Европа, што значи дуплирање на приходите по глава на жител, раст на просечните плати, пензии итн. Со враќање назад и со оспорување на концептот кој не‘ донесе повторно да бидеме дел од цивилизираниот свет, ние не можеме да просперираме. Мора да продолжиме по тој концепт за да просперираме. Тој пат сите знаат дека ќе биде со мали чекори, дека ќе биде долг, но сигурно оди кон развиениот свет, не оди назад кон балканското тло како што бевме пред 10-15 години и сигурно не не‘ враќа во едно мултиетничко општество и држава, не не‘ враќа во време на тензии, конфликти и на препукување: кој е поглавен во оваа заедничка куќа. Практично, на крај сите треба да сме целосно рамноправни.“, изјави Пендаровски за Gostivarpress.mk.

stevo pendarovski 2

Пендаровски од гостиварци побара да го поддржат во вториот круг на изборите на 8 мај.

stevo pendarovski 3



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи