“Секој ден остануваме без лабораториски и токсиколошки реагенс“ – 13 прашања од вработените на Токсикологија до директорката Бесије Иљази

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во одсуство на комуникација за в.д. директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, вработените преку соопштение и упатија прашања.

Вработените во соопштението велат дека:

– За жал поради вашиот специфичен начин на раководење, десетинна прекрасни договорци кои максимално професионално ја извршуваат својата работа се ставени во истиот кош, со личности на кои не им е местото во терциерниот здравствен систем, а една од нив револтирана од вашиот однос одби да ви го потпише договорот, со кој ја деградиравте за две хиерариски позици, се вели во соопштението на 57 редовно вработени на Клиниката и додаваат „ги знаеме, но редно би било да одговорите за пошироката јавност“.

Ова се прашањата до Организационата В.Д. директорка:

  1. Дали е точно дека во последните две недели без согласност од У.О. е поставен дополнителен видео надзор на Клиниката.
  2. Дали е точно дека под архивски бр. 03-363/1 од 28.09.2021 година е заведена ПРЕСТАВКА потпишана од 14 медицински сестри, за работата, односот и непочитувањето на една од медицинските сестри со договор, на која сега незаконски и го продолживте договорот.
  3. Дали е точно, дека истата медицинска сестра поради оваа и бројни други претставки и е прекинат договорот од страна на Др.супспец. Ридван Бајрами, кој во тоа време беше Директор на клиниката.
  4. Дали е точно, дека истата медицинска сестра е повторно вратена на работа на 04.12.2023 година, односно само 24 дена пред истекот на договорите на остатанатите договорци.
  5. Дали е точно, дека истата е класичен пример на непотизам, како што љубите да кажете.
  6. Дали е точно, дека уште двајца од договорците на кои им ги продолживте договорите, еден административен работник и една медицинска сестра, се пример за непотизам, против кој Вие се борите.
  7. Дали е точно, дека двајца од болничарите, меѓу кои е и тој кој јавно пред камери призна дека направил обид за замена, на кои незаконски им ги продолживте договорите, немаат соодветно образование за вршење на таа дејност.
  8. Дали е точно, дека во десетина наврати за проблемите со овие двајца болничари и горенаведената медицинска сестра е дискутирано на утринските колегиуми на медицински сестри, лекари и стручен колегиум и е децидно заземен став на истите да не им се продолжуваат договорите, кога ќе се создадат законски услови.
  9. Дали сте спремна за Вашето економско работење во изминативе 3,5 месеци, јавно да се соочите со Раководителот на сметководтсвото при Клиниката
  10. Дали сте спремна јавно да ги објавите стенограмите од двата состаноци на Стручниот колегиум (иако имавте законска обврска да одржите најмалку четири) и состаноците на Управниот одбор на Клиниката.
  11. Дали сте спремна да понесете лична одговорност, што на 15 мај на се уште незавршени парламентарни избори, спротивно на законот, потпишувате решенија на договор на дело со 18 извршители.
  12. Дали сте спремна да поднесете лична одговорност, што поради Вашата неажурност, секој ден остануваме без некој лабораториски и токсиколошки реагенс, за што уредно во повеќе наврати сте писмено и усно известени од Раководителот на тој оддел.
  13. Дали сте спремна да се изврши тајно оценување за Вашата работа, но и работата на сите останати редовно вработени, од страна на сите вработени.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи