Амбасадорите на македонскиот фолклор „Танец“ со концерт во Гостивар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Гостиварската публика ќе има можност да го наполни срцето и да ужива во изведбите на  Националниот фолклорен ансамбл „Танец“. Концертот на амбасадорите на македонската народна уметност и култура низ светот ќе се одржи на 14-ти март (четврток) во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, со почеток во 19 часот.

„Танец“ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да ги претставува највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ. Во текот на своето 75 годишно постоење има учествувано на повеќе од 5000 концерти и фестивали, настапувајќи пред полни концертни сали во Њујорк, Сиднеј, Мелбурн, Тел Авив, Рим, Париз, Лондон, Монтреал, Торонто и многу други светски метрополи. Репертоарот се состои од повеќе од 90 кореографии и неколку стотици вокални и инструментални творби, преку кои ансамблот ги претставува разновидните музички и кореографски традиции од богатиот македонски фолклор.

„Танец“ во Гостивар ќе настапи со 32 члена кои ќе се претстават со циклус наречен „Изворни минијатури“, дел од серијата концерти кои ансамблот ги одржува низ земјава.

 

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
80 %
0.4kmh
57 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
10 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...