Штрајкот во „шумско“ се‘ уште трае, најавен и протест ако нема плати до петок

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Штрајкот во ЈП Национални шуми кој започна пред неколку денови се‘ уште трае. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов денеска беше во подружницата на ЈП Национални шуми – Бабуна Велес каде што сите работници се едногласни по однос на потребата од исполнување на барањата поради кои започна штрајкот, известија од ССМ.

Вработените си ги бараат не исплатените плати, не исплатените теренски додатоци и останати додатоци на плата.

„Револтот кај вработените е голем поради тоа што во континуитет се доцни со исплата на нивната плата, поради тоа што повторно им се исплаќа намалена плата, која за последниот месец е незаконски намалена за 2000 денари на секој еден од вработените во ова јавно претпријатие, како и поради тоа што веќе неколку месеци не им се исплаќа теренскиот додаток како и другите додатоци на плата.“, информираат од Сојузот.

Рокот за исплата на платата за февруари истекува на 15-ти март и доколку не се исплати истата во законски предвидениот рок барањата најавено е организирање на протест пред централата на ЈП Национални шуми во Скопје.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи