Карневалџиите ја презедоа власта во Струмица. Во наредните осум дена тие ќе владеат со градот. Си симболичното предавање на градскиот клуч од градоначалникот Костадин Костадинов во рацете на карневалскиот одбор и официјално започнаа карневалските свечености. Костадинов На организаторите им порача да бидат добра локална власт, ана струмичани добри домаќини кои ќе ги отворат портите за сите посетители и од земјата и странство.
Од името на карневалските групи клучот го презеде претседателот на карневалскиот одбор Александар Цицимов. Вети дека ќе ја оправдаат довербата и ќе понудат незаборавно карневалско доживување за сите посетители.
За време на осум дневните карневалски свечености кои завршуваат на верскиот празник Тримери, најавена е богата програма со голем број различни содржини. Кулуминацијата треба да се случи во сабота за кога е закажано главното дефиле на кое ќе учествуваат 49 карневалски групи. Од нив 20 се гости од странство.
Преземено од: Линк













