(ВИДЕО) ЕУ да даде силни гаранции за пресудите за македонското малцинство во Бугарија, па потоа уставни измени со одложено важење – став на Андоновски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Предлогот на ДУИ – пред да се формира новата влада да се донесат устанвните измени со 2/3 мнозинство со Бугарите во Уставот, за Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ е неприфатливо. Андноновски во „Стадион“ на Канал 77 рече дека ДУИ не е тој што диктира услови во Македонија, и „нема да биде особено по следните избори тој што диктира, како што сега диктира услов со оваа влада“.
Во однос на уставните измени, Андоновски рече дека ставот на ВМРО ДПМНЕ е и ист и непроменет и имаат планот што ќе го предложат и во Изборната програма.

-Ние нудиме алтеранатива – алтернативата значи или да има одложена примена на уставните промени со денот на пристапување на Македонија во ЕУ, за да го заштитиме процесот од билатералните барања на Бугарите, дека Гоце Делчев е Бугарин, дека Илинденското востание е бугарско, дека нашиот, макеоднски јазик е измислен во 1945-та. Предлагаме одложена примена, затоа што со пристапот во ЕУ секако сите држави го менуваат Уставот. Втората алтернатива која што ја понудивме е силни гаранции од страна од ЕУ и прифаќање на пресудите од Судот за човекови права од Стразбур за македонското малцинство во Бугарија, со што Бугарија ќе покаже дека е вистински добар сосед и гради односи на добрососедство. Ние дадавме и трет предлог, а тоа е хрватскиот модел, кажа Андоновски во „Стадион“.

Во однос на Бугарија Стефан Андоновски оцени дека Македонија и Бугарија имаат убедливо најлоши односи, а тоа се случи со потпишувањето на Договорот за добрососедство.
-Дали така беше во 2015 година, 2012 година…? Тогаш напротив, комунициравме многу добро, граѓаните од две земји патуваа, одеа на одмор, имаше бугарски инвестиции, аплицравме заедно на многу проекти. Сега веќе нема комуникација меѓу двете држави. Актуелната власт наместо да бидат чесни да кажат точно е, згрешивме, ние влегуваме во егзибиционизам, имаме влада со која одиме со глава во ѕид, изјави Андновски.
Според него, со двете понудени алтернативи, што ќе ги има и во Програмата за претстојните избори, граѓаните ќе можат одлучат.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
80 %
0.4kmh
57 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
10 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...