Дали често се будите ненаспани, па ви треба повеќе од едно кафе наутро? Дали енергетските пијалоци станаа дел од вашата секојдневна рутина и дали посакувате висококалорична храна во попладневните часови бидејќи нивото на енергија наеднаш се намалило? Ако одговорот на некое од овие прашања е да, тогаш е време да изберете здрава храна која ќе ве држи сити и будни со часови по будењето.
Наместо да консумирате премногу кофеин, решението може да биде обилен појадок, полн со хранливи материи кои ќе ве одржуваат будни. Храната која нема висок процент на масти и јаглехидрати, но е богата со протеини, витамини, минерали и антиоксиданси е најдобриот избор. Некои од намирниците кои можат да го заменат кафето се:
Авокадо
Оваа храна редовно ја препорачуваат експертите, бидејќи е полна со витамини, минерали и здрави масти, кои на телото му даваат енергија која ќе трае со часови. Тие се богати со растителни влакна, кои го одржуваат шеќерот во крвта стабилен, така што можете да избегнете скокови на шеќер.
Обидете се да додадете авокадо во утринската чинија со овошје, можете да го ставите во блендер и да го измешате со цедено овошје, а можете да го комбинирате со јајца и тост.
Лубеница
Дури и најмало ниво на дехидрација може да направи да се чувствувате уморни, па затоа е важно да вклучите храна богата со вода (овошје и зеленчук) во вашата исхрана, а лубеницата е еден од најдобрите природни (и слатки) извори на течности.
Овој вкусен зеленчук се состои од 90 проценти вода, обезбедува различни витамини, минерали и антиоксиданси и содржи аминокиселина Л-цитрулин, која може да помогне во намалувањето на болката во мускулите. Затоа на лето, за вистинско освежување, започнете го денот со сад полн со лубеница.
Бадеми
Бадемите се одличен извор на висококвалитетни протеини, влакна и здрави масти. Тие се полни со витамини Б кои му помагаат на вашето тело да ја претвори храната во енергија, а исто така се богати со магнезиум, кој помага во борбата против заморот на мускулите.
Можете да додадете бадеми во утринската чинија со овошје или овесна каша, а можете да јадете грст од ова оревче за ужина кога ви треба енергија.
Кељ
Иако не е популарен како утринска храна, кељот е полн со есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси кои ни се потребни за енергија во текот на денот. Тој е одличен растителен извор на железо, кое носи кислород до ткивата и клетките, кој е неопходен за функционирање на нашето тело. Кељот е и одличен извор на калциум, фолна киселина и витамини од групата Б.
Овој зеленчук можете да го ставите во утринскиот зелен сок или смути, или да го додадете во омлет и можеби нема ни да ви треба кафе.
Урми
Покрај нивниот специфичен, сладок вкус, урмите лесно се варат и даваат моментален поттик на енергија. Тие се одличен извор на калциум, фосфор, калиум, магнезиум, цинк и железо. Додадете сецкани урми во утринскиот појадок или земете неколку урми кога ќе почувствувате наплив на замор.
Банана
Бананите се многу ефикасен извор на енергија кога се чувствувате поспани. Ова овошје полно со калиум содржи и добра количина на влакна, кои го забавуваат ослободувањето на шеќер во крвотокот и е одличен извор на магнезиум и витамини од групата Б.
Зрелата банана ќе обезбеди полесно достапна енергија во форма на шеќер, во споредба со незрелата. Површината на кората треба да биде шарена и жолта, а не зелена. Така знаете дека скробот се претворил во шеќер, кој можете правилно да го сварите и да го искористите за енергија.
Спанаќ
Спанаќот е одличен извор на витамин Ц, фолна киселина и железо. Соодветните количини на овие витамини и минерали се неопходни за производство на енергија, особено затоа што пониските нивоа на железо во телото особено може да предизвикаат екстремен замор.
Утринските јајца направете ги со спанаќ,а можете да додадете и малку сок од лимон за да ја подобрите апсорпцијата на железото.
Чиа семе
Малите, но моќни, чиа семиња се одличен извор на енергија. Тие апсорбираат течност и можат да отечат до 10 пати во стомакот откако ќе се сварат. Ова ви помага да се чувствувате сити подолг временски период. Тие се полни со антиоксиданси, витамини и минерали, протеини, масти и влакна. Наутро можете да консумирате чиа пудинг или да посипете семе од чиа во смути или сад со овесна каша.
Јајца
Едно јајце содржи висококвалитетни протеини и здрави масти, кои обезбедуваат енергија во текот на денот. Јајцата се одличен извор на различни витамини и минерали, вклучувајќи железо, холин, витамин Д и витамин Б-12. Исто така, важно е секогаш да го јадете целото јајце.
Жолчката е најхранливиот дел, содржи најмногу витамини и минерали во јајцето и голема количина на вкупен протеин.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Преземено од: Линк













