Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе цела Европа може дополнително да се прошири но дали протестниот вирус ќе ескалира на цел континент зависи од неколку клучни фактори.
Според безбедносниот аналитичар Златко Кузманов, темпото на настаните ќе го диктираат упорноста на студентите и синдикатите, капацитетот на екстремните и криминални групи да го злоупотребат хаосот но и реакцијата на властите од кои зависи дали ќе се решат да преговараат или ќе употребат репресија.
Политичката позадина зад овие случувања открива борба за моќ пред престојните избори.
Кузманов цели иако незадоволството извира од реални социјални проблеми политичките партии вешто се обидуваат да го преземат револтот за свои цели.
Дополнителен социјален притисок во Европа прави и мигрантската криза со околу 90 милиони мигранти регистрирани во државите на континентот.
На Балканот тензиите се комплицираат и со обвинувања за странски влијанија од Русија и Иран кои често служат и како изговор за домашните политички слабости.
Улиците во Париз повторно се полнат пред викендот а поради безбедносни пропусти власта најави ангажман на војската.
Во Грција студентите, учениците, наставниците почнаа со протести револтирани од лошиот стандард и ниски плати.
Во Тирана ситуацијата ескалираше па премиерот во обид да го намали тој револт понуди дијалог, смени неколку министри и обвини за странски влијанија.
Социјални тензии има и во Шпанија каде се распишани предвремени избори, Португалија, Белгија, Холандија, додека во Италија власта донесе и специјални закони со кои се обидува да ги контролира демонстрациите со закони за драконски казни за да спречи вандализам.
Преземено од: Линк













