Општина Тетово: Новата градинка е изградена, но нефункционална оти власта прави дневни политики

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Претседателот на Советот на Општина Тетово Бесарт Дурмиши вели дека советот веќе има донесено одлука за отпочнување со работа на новата градинка во дворот на Основното училиште Кирил и Методиј во Тетово, но истата се уште не е функционална, затоа што владата прави дневни политики.

„Претходната министерката за труд и социјална политика правеше дневни политики, таа не одобруваше вработување на персонал. Тие работни места можеа да се одобрат, затоа што ние и како совет донесовме одлука дека тие работни места можеме да ги покриеме со нашиот буџет, но досега немаме зелено светло за вработување. Јас очекувам после 8 мај да се решат проблемите“, рече Бесарт Дурмиши претседател на Советот на Општина Тетово.

Новата градинка во Тетово лоцирана непосредно до Основното училиште „Кирил и Методиј“ изградена пред една година зјае празна, без дечиња. Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски месецов оствари средба сретна со раководството на детската градинка „Младост“ Тетово. Тој исто така кажа дека градинката нема персонал оти се чека согласнот за нови вработувања, но сега законот за избори како што рече тоа не го дозволува.

Поради немање доволно персонал, но и просторни услови речиси 300 деца од Тетово се на листата на чекање за прием во градинка, а состојбата е слична и на ниво на цела држава.

Од детската градинка „Младост“ Тетово, велат дека за да почне да функционира со вкупно десет групи колку што е предвидено треба да има вработено најмалку 30 луѓе.

Извор СП

Tetovo
broken clouds
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
0.6kmh
66 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
16 °

Поврзани написи

Фернандеш за дебаклот во Комо го впери прстот во тренерот

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл во Комо, во третото...

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...