(Вознемирувачко видео) „Ве молиме, прашање на живот и смрт“ – Жителите на Москва масовно даруваат крв по терористичкиот напад

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


 Жителите на Москва масовно доаѓаат во Центарот за трансфузија „Гаврилов“, за да даруваат крв по синоќешниот терористички напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва, јавија руските медиуми.

„Пред зградата има огромен број граѓани“, наведуваат медиумите.

Повеќе од 600 граѓани даруваа крв во првиот час по отворањето на Центарот, објави регионалното Министерство за здравство на својот канал на Телеграм.

Во нападот загинаа најмалку 60 луѓе вклучувајќи и три деца, а 145 се повредени. Министерот за здравство Михаил Мурашко изјави дека се хоспитализирани 115 лица, од кои пет деца, пренесуваат руските медиуми. Според него, во тешка состојба се 60 возрасни и едно дете. МИА

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи