Уставните измени најжешката тема во предизборната кампања

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Уставните измени за внес на Бугарите, како услов за Европската унија се уште се најжешката тема во предизборната кампања и за претседателските и за парламентарните избори. Албанскиот блок не одстапува од тоа тие да се клучен услов за формирање на идната Влада.

Бујар Османи од ДУИ вели дека ова е прашање во кое влог имаат внесено и ЕУ и САД, па така дури и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се согласи на измените на Уставот.

– Мора да се согласи. Нема алтернатива. Затоа не ги гледам сериозно овие обиди да се добијат политички поени на таа тема. Не зависи само иднината на Северна Македонија. Зависи и иднината на Балканот и безбедноста на Европа од интегративниот процес на земјите од Западен Балкан … Нема да може да има Влада без договор за уставни измени. Тоа е јасна констатација на сите политички партии кои што сметаат дека Европската Унија е единствена алтернатива за нас. Така да, сите опции ќе бидат искористени, од можноста да се понуди и национална влада за спас.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ веќе одговори дека уставни измени под бугарски диктат ќе нема, но и дека опција е тие бидат донесени со одложено дејство до влезот на земјата во ЕУ. Мицкоски гледа одговорност во власта на Ковачевски и Пендаровски за лошиот Договор постигант со Бугарија.

Лидерот на СДСМ пак, вели дека тој е за уставни измени што поскоро бидејќи тие ја носат државата во ЕУ, а не дека постои услов од албанските партии за формирање на Влада.

Претходно ваквиот услов го испорача и Таравари, како дел од алабанската опозициска коалиција Вреди. Иако Таравари вели дека нема пишан документ со Ахмети за брзи уставни измени сепак постои принципелен џентлменски договор за ова прашање. Тој сепак, најави дека албанската опозиција е подготвена да чека 6  месеци за промена на Уставот.





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година

Граѓаните кои работеле во странство пред 5 години...

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...