Центарот за управување со кризи, според добиените информации од Регионалниот ЦУК Тетово, соопшти дека вчера во 8 и 30 часот во атарот кон Сретково (Општина Маврово – Ростуше) избувнал пожар којшто е се‘ уште активен.
„Гори ниска вегетација и грмушки и шума, при што е опожарена површина од 10 хектари. Интервенирале вработени од ЈП „Национални Шуми“, подружница од Гостивер со четири вработени.“, извести ЦУК.
Во последното деноноќие во земјава имало 14 пожари на отворено. ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено, за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Преземено од: GostivarPress












