Прва пресуда со затворска казна во САД против родители чие дете изврши масовно убиство во училиште

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Американските медиуми известуваат дека родителите на момчето Итан Крамбли кое изврши масовно убиство во училиште во американската сојузна држава Мичиген се осудени на 10 и 15 години затвор затоа што не преземале чекори кои би можеле да го спречат убиството на четворица ученици во 2021 година.

Џенифер и Џејмс Крамбли се првите родители осудени за масовно пукање во училиште во САД.

Тие претходно беа прогласени за виновни за убиство од небрежност во одделни судења во февруари и март, за време на кои обвинителите понудија докази за неосигуран пиштол во домот и негрижа за менталното здравје на нивниот син тинејџер.

Беа осудени на затвор од десет до 15 години за убиство од небрежност.

Овие пресуди потврдуваат повторени дејствија или недостаток на дејствија, кои можеле да ја запрат претстојната катастрофа“, рече судијата во Понтиак, Мичиген, осудувајќи ги на истата казна од 10 до 15 години затвор, минус веќе две и пол години кои ги одлежале во притвор.

Итан Крамбли нацртал темни слики од пиштол, куршум и ранет маж на задача по математика. Вработените во гимназијата во Оксфорд не бараа тој да си оди дома, но беа изненадени кога родителите не реагираа за време на краткиот состанок.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...