ЈКП „Шар“ – Тетово започна со акција за санација и уредување на шахтите на критичните локации низ градската сообраќајна мрежа.
Една од првите интервенции се реализира на улицата „Видое Смилевски – Бато“ (Индустриска), каде што екипите работат на поправка на оштетениот коловоз и уредување на површината околу шахтните капаци.


Целта на овие активности е подобрување на безбедноста во сообраќајот, намалување на ризикот од оштетување на возилата и создавање побезбедни услови за сите учесници. Овие зафати се дел од поширокиот план за подобрување на комуналната инфраструктура на локациите каде што се евидентирани оштетувања.
Од претпријатието најавуваат дека теренските активности продолжуваат и на други критични точки низ градот, со примарна цел заштита на безбедноста на граѓаните и функционалност на јавната инфраструктура.
Се упатува апел до возачите и учесниците во сообраќајот за зголемено внимателно движење во зоните каде што се изведуваат работите и строго почитување на поставената привремена сообраќајна сигнализација.













