На 26.10.2026 во 13:00 часот во Полициското одделение Ростуше, А.К.(42) од с.Скудриње пријавил дека околу 12:30 часот на место викано „Виниграишта“ над локалниот пат за с.Скудриње, бил физички нападнат од З.Е.(38) од истото село поради претходна расправија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.10.2026 во 17:10 часот во СВР Тетово, Е.С.(25) од с.Мала Речица, пријавила дека околу 15:30 часот А.З.(20) дошла во нејзиниот двор и физички ја нападнала. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.












