Недела 14 април 2024 година, ќе останат запишани со златни букви во историјата на фудбалскиот клуб Баер Леверкузен, „Фармацевтите“ успеаја математички на пет кола пред крајот на сезоната, да ја обезбедат првата шампионска титула во историјата на клубот, совладувајќи го Вердер со 5-0.
Предноста за Леверкузен ја донесе Бонифас од пенал во 25. минута, првото полувреме заврши со резултат 1:0. Гранит Џака го удвои водството со одличен гол во 60. минута, а потоа дојде магијата на Флоријан Вирц. Неверојатниот играч за врска постигна хет-трик за неполни 20 минути, а во игра влезе во 46. минута.
Леверкузен импресивно стигна до историското славје, непоразен и конечно го отфрли прекарот „Неверкузен“ бидејќи има пет втори места, како и загубено финале во Лигата на шампионите и уште четири во Купот и Суперкупот на Германија.
Баер има 43 натпревари во сезоната без пораз, но сезоната не е завршена, допрва треба да загуби, ги собори сите германски рекорди, а го чека финалето во Купот на Германија, против второлигашот Кајзерслаутерн, како и финалето од Лигата на Европа.
Историската сезона може да биде – уште подобра.
Леверкузен, кој наскоро ќе ја прослави својата 120-годишнина, досега има освоено само еден Куп на Германија (1993) и еден Куп на УЕФА (1988).
Преземено од: GostivarPress
















