Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (16 април) во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е акциска контрола за непрописно престигнување. При контролата биле откриени и санкционирани 31 прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-22), престигнување недозволени места, полна линија, колона, непрегледна кривина и друго. Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци. При контролата било констатиран и санкциониран 1 (ГВ) останат сообраќаен прекршок.
СВР Тетово апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните превила и прописи, а со тоа да придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.











